29.8 C
Skopje
вторник, 12 август 2025

Украина фаворит против Македонија, супер е коефициентот нашата репрезентација да изненади

Украина ќе ја има фаворитската улога на дуелот против Македонија во Прага за дуелот кој е закажан на 14 октомври. Ова ќе биде пресметка во квалификациите за пласман на Европското првенство кое следната година ќе се игра во Германија.

Македонија и Украина имаат по седум бодови од пет меча и се во трка за второто место во групата каде моментално се наоѓа Италија со истотака со седум бодови, но од четири дуели.

Мечот во Прага ќе биде клучен како за Македонија, така и за Украина. Само селекцијата која ќе ги освои трите бода останува во трка за место на континенталниот собир.

- Оглас -

Најнови вести