Македонската фудбалска репрезентација и дефинитивно ќе игра на гостински терен во првиот бараж за пласман на Светското првенство 2026 година. Калкулациите кои беа дека Македонија може да биде во вторито барабан во ждрепката за баражот, а со тоа да ја добие и предноста на домашен терен завршија откако Украина го победи Исланд.
Четири резултати требаше да се вклопат за Македонија да биде домаќин на баражот. едната беше Англија да ја победи Албанија во Тирана што и се случи со 2:0, но втората, Украина да не слави против Исланд, остана нереализирана. Исланд имаше 0:0 до 83 минута, но во последните 10-тина минути Украина постигна два гола и стави крај на калкулациите дека Македонија може да биде домаќин во баражот.
Останатите две условни резултати кои беа во калкулациите беше Босна и Херцеговина да не ја победи Австрија на гости и последната беше Македонија да слави над Велс во Кардиф. По ова, јасно е дека на Македонија доволно ѝ е реми против Велс, за да бидеме втори во групата од квалификациите, а со тоа да се најдеме во третиот барабан за ждрепкат во баражот.


