Украина има опасна млада селекција, Мудрик, Судаков и Бондаренко ја шокираа Франција (Видео)

Украина ја елиминира фаворизираната Франција од Европското првенство за фудбалери до 21 година. Младите Украинци славеа со 3-1 и се пласираа во полуфиналето, каде што ќе се сретнат со Шпанија.

Првите два гола на Украина ги креираа Михајло Мудрик и Георги Судаков. Најпрвин Мудрик изнуди пенал кој го реализира Судаков, а потоа ѕвездата на Челзи имаше феноменална асистенција за голот на Судаков.

Голот со магичната асистенција на Мудрик, по кој Украинците поведоа со 2-1, погледнете го ТУКА.

Во финишот имаше драма. Французите дадоа гол за 2-2 во 81-вата минута, но по консултација со ВАР-собата, голот беше поништен, а пет минути подоцна капитенот Бондаренко даде убав гол со кој ја круниса акцијата со Назаренко.

- Оглас -

Најнови вести