Украина испрати порака за Македонија, Австрија и Холандија (Видео)

Украина со 1:0 славеше против Северна Ирска во пријателски меч одигран како подготовка за Европското првенство. Украинците се во група со Македонија, Австрија и Холандија, а со овој триумф потврдија дека ќе бидат опасен ривал за секого.

Напаѓачот на Ференцварош, Олександр Зубков, го постигна единствениот гол, и тоа уште во 10-тата минута. Украина во текот на целиот меч беше подобра, имаше 61 отсто посед на топката, а упати дури 17 шута кон противничкиот гол. Северна Ирска имаше седум удари кон голот на Украина, но само еден беше во рамките на голот и тоа беше премала закана.

Украина во првото коло ќе игра против Холандија во Амстердам, потоа ќе биде ривал на Македонија во Букурешт, а во третото коло ќе игра против Австрија.

 

- Оглас -

Најнови вести