Украина ја понижи Србија, Косово веќе 14 меча нема пораз

Србија го претрпе еден од најтешките порази, откако со 5:0 загуби на гости кај Украина, во меч од квалификациите за Европското првенство 2020 година. Украина уште во првиот дел поведе со 2:0, а во второто полувреме го дотолчи противникот. Ова е петти дуел на овие две селекции, а Украина има перфектен биланс од пет победи.

Интересно беше во Подгорица каде Црна Гора и Косово ремизираа 1:1. Непосредно пред мечот, селекторот на Црна Гора, Љубиша Тумбаковиќ си даде оставка, бидејќи не сакаше да ја води селекцијата против репрезентацијата на Косово. Освен Тумбаковиќ, уште двајца репрезентативци на Црна Гора одбија да настапат на овој меч.

За Косово ова беше 14 меч во низа на кој нема загубено.

Резултати: Грузија – Гибралтар 3:0, Австрија – Словенија 1:0, Црна Гора – Косово 1:1, Чешка – Бугарија 2:1, Данска – Ирска 1:1, Фарски Острови – Шпанија 1:4, Летонија – Израел 0:3, Литванија – Луксембург 1:1, Норвешка – Романија 2:2, Шведска – Малта 3:0, Украина – Србија 5:0.

- Оглас -

Најнови вести