Украина ја запре моќната Англија, Кајл Вокер во 77-тиот настап првпат даде гол за репрезентацијата

Украина и Англија ремизираа 1-1 во натпревар од квалификациите за ЕП 2024, дуел од групата во која се и Италија, Македонија и Малта.

Ова е прв меч во циклусов кој Англија не успеа да го добие. Вечерва во Варшава не беа расположени за голови како против Македонија на претходниот меч.

Украинците во водство ги донесе Зинченко, а изедначи Вокер. Кајл Вокер со 33 години и 104 дена е вториот најстар деби стрелец за Англија. Вокер својот прв гол за националниот тим го чекаше долго, го даде на својот дури 77-ми меч. Ниту еден друг Англичанец не чекал толку долго до првиот погодок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести