Украина како Италија, на туѓ грб сакаат да играат на Мундијалот во Катар

Украинците бараат да се исфрли репрезентацијата на Иран од Светското првенство во Катар што треба да се игра во ноември и декември, а наместо азиската селекција тие да настапат на Светското првенство.

Првиот човек на Шахтар Доњецк, Сергеј Пелхин побара од ФИФА да го исклучи Иран поради индиректно учество во нападите врз Украина.

Иран и продава дронови на Русија и и пружи поддршка во инвазијата на Украина, што според Пелхин е доволна причина за елиминација на фудбалската репрезентација на оваа земја од Мундијалот.

„Бараме од ФИФА да го исклучи Иран поради учество во нападите врз Украина. Тоа би била чесна одлука и би го посочила Иран како виновник за убивањето на многу Украинци. Фер би било и Украина да игра на Мундијалот место нив. Нашата репрезентација немаше еднакви шанси со останатите селекции во баражот поради војната. Покажавме дека играме со срце и заслужуваме место на Светското првенство“, рече Пелкин, со поддршка за иницијатаивата од неговиот клуб Шахтар.

https://twitter.com/FCShakhtar_eng/status/1584424241147314176?s=20&t=pP9-i9VeT7aApPJ3Vo-dBg

Претходно и дел од опозицијата во Иран побара нивната репрезентација да биде исфрлена од Мундијалот поради режимската влада во Техеран и кршење на правата на жените.

И Италија, која загуби од Македонија во полуфиналните баражи за Светското првенство до последен момент се надеваше дека ќе игра на Мундијалот и тоа на местото на Еквадор.

Еквадорците беа под истрага за лажен пасош доделен на Бајрон Кастилјо, кој играше во квалификациите за СП, а Италија бараше да игра место нив во Катар.

Аѕурите според еден критериум беа прва замена и тоа според рејтингот на ФИФА листата, но беа поразени од Македонија со 0:1 во Палермо и пред нив, ако се гледа фудбалски и чесно со учинок на терен пред нив беа сите финалисти во баражите за Мундијалот.

Патем, Еквадор успеа да докаже дека Кастилјо е роден во оваа земја и има право да игра за својата репрезентација.

- Оглас -

Најнови вести