Украина не се повлекува од квалификациите за ЕП 2024, ќе ни дојде во Скопје на 16 јуни

Фудбалската репрезентација на Украина ќе ги доигра квалификациите за Европското првенство 2024 година, што значи дека на 16 јуни ќе гостуваат во Скопје на дуел со Македонија.

Украинците се закануваа дека ќе се повлеча бидејќи не сакаат да учествуваат во исто натпреварување со Русија и Белорусија (Белорусите се учесници во квалификациите), но сепак ќе играат. По гостувањето кај Македонија, три дена подоцна играат како домаќини против Малта, а тој меч ќе се игра во Трнава во Словачка.

Само четири дена пред гостувањето во Македонија, на 12 јуни Украинците ќе играат еден специјален пријателски натпревар кој сите би сакале да го играат. Во Бремен ќе гостуваат против Германија, а за Германците тоа ќе биде 1.000-ти меч во историјата на нивната славна репрезентација.

- Оглас -

Најнови вести