Украина прекина една неверојатна низа, но повторно остана без бодови

Холандија и Украина синоќа го одиграа најинтересниот меч во досегашниот дел од Европското првенство. На стадионот во Амстердам, по првото полувреме беше 0:0, а во вториот дел беа постигнати дури пет погодоци. На крајот, домаќините се радуваа на триумф од 3:2.

Лалињата водеа со 2:0 и делуваше дека лесно ќе стигнат до победата, но тогаш следуваа два гола на гостите. Андреј Јармоленко во 75-тата минута намали на 1:2 со најубавиот гол на досегашниот дел од првенството, а само 246 секунди подоцна погоди и Јаремчук за 2:2. Сепак, Холандија со погодокот на пет минути пред крајот стигна до 3:2 и до првите три планирани бодови во групата во која е и Македонија.

Украина е следен ривал на Македонија, а тимот на селекторот Андриј Шевченко на мечот против Холандија прекина една лоша низа. Голот на Јармоленко беше прв што го постигнаа Украинците на ЕП откако претходно упатиле неверојатни 72 шута и ја немаа затресано противничката мрежа.

Да се надеваме дека Украинците нема да бидат расположени за голови против Македонија, нивната одбрана да биде ранлива како синоќа, кога примија три погодоци.

 

- Оглас -

Најнови вести