Македонската одбојкарска репрезентација, загуби од Украина со 0-3 во сетови во последниот меч од групата во Златната европска лига.
Украинците настапите ги завршија со шест победи во шест кола, и не загубија ниту еден сет, а доминираа и вечерва во „Борис Трајковски“. Македонскиот национален тим заврши со две победи во ова натпреварување кое беше подготовка за ЕП.