36.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Украина пропушти голема шанса да ја победи Германија

Фудбалската репрезентација на Украина може да жали што не победи против Германија на пријателскиот меч одигран во Бремен. Средбата беше од пријателски карактер, а на крајот заврши 3:3.

Германија, која беше голем фаворит пред почетокот, поведе со голот на Фулкруг во шестата минута, но за кратко време се случи пресврт. Циганков израмни во 19-тата минута, а Рудигер си даде автогол, па на полувреме беше 2:1 за Украина.

Добрата игра на гостите продолжи и на почетокот од вториот дел. Циганков со својот втор погодок зголеми на 3:1, резултат кој беше актуелен до 10 минути пред крајот. Панцерите во финишот заиграа многу поквалитетно и со два гола се спасија од пораз. Најпрво Кај Хаверц намали на 2:3, а во 90+1 минута Џошуа Кимих израмни на 3:3.

Украина е следен противник на Македонија во квалификациите за Европското првенство кое следната година ќе се игра во Германија. Дуелот меѓу нашата селекција и Украина е на 16 јуни, на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

- Оглас -

Најнови вести