Украинка растури Русинка и порача дека парите од заработката на турнирот ќе ѝ ги донира на војската

Украинската тенисерка Елина Свитолина сепак реши да игра против Русинката Анастасија Потапова на турнирот во Монтереј, Мексико, и во 64 минути игра ја разби со 6-2, 6-1.

Свитолина пред неколку дена рече дека не сака да игра против Русинки и Белорусинки, но се премисли откако организаторите се погрижија противничката да не настапи под руско знаме.

По победата, 15-торангираната тенисерка на ВТА-листата порача дека сите пари кои ќе ги заработи на турнирот, ќе ги донира за украинската војска. Ако го освои турнирот, на кој е прва носителка, Елина ќе заработи 31.000 долари.

Свитолина на теренот беше облечена во боите на знамето на Украина.

- Оглас -

Најнови вести