Украинецот кој вчера му даде гол на Сити, три ипол години не си ги видел родителите

Украинецот Максим Таловјеров кој игра за англискиот второлигаш Плимут, вчера постигна гол против Манчестер сити, а после мечот од ФА купот откри дека три ипол години не си ги видел таткото и мајката.

Освен што со Плимут се бори за опстанок во Чемпионшип, Максим има големи и на приватен план. Поради војната во неговата земја, тој долго време не си ги видел таткото Вадим и мајката Марина, и со нив комуницира само телефонски и преку пораки.

Кога имаат сигнал, тие му се јавуваат да му кажат дека се добри, а кога не се јавуваат, Максим страда и се плаши од најлошото.

„Тешко е, три години секое утро се будам и гледам извештаи за ракети и проектили во секој град, вклучувајќи го и Киев каде што се моите родители. Веднаш им пишувам пораки за да ги прашам дали се во подземна гаража, во метро. Кога е опасно и Русија бомбардира, одат таму, бидејќи така се најблиску до сигурните зони. Некогаш немаат мрежа и интернет, а тогаш ми е најстресно, бидејќи не реагираат и не знам што се случува. Знаат да кажат во Киев паднаа пет ракети, но никогаш не се знае точно каде завршиле“, раскажа Таловјеров.

Таловјеров е роден во Налчик, руски град во близина на границата со Грузија, каде неговиот татко тогаш играл фудбал. Три месеци подоцна се преселиле во Дољецк во Украина и таму живееле до 2014 година кога се искомпликувала политичката ситуација во регионот.

Клубот Шантар ја преселил академијата во Киев, затоа и семејството на фудбалерот заминало да живее во главниот град. Со сениорски фудбал почна во Олимпик од Киев, а настапувал и за Динамо од Чешке Будејовице, резервниот тим на Спарта Прага, Славија Прага, Слован Либерец, ЛАСК и сега е во Плимут.

- Оглас -

Најнови вести