Украинецот Стаховски ги покажа пораките на поддршка од Новак Ѓоковиќ (Фото)

Украинскиот тенисер Сергеј Стаховски, кој им се приклучи на вооружените сили на Украина во одбрана на својата земја, пред неколку дена откри дека добил поддршка од Новак Ѓоковиќ, но не и од Рафа Надал и Роџер Федерер, кои не одговарале на неговите пораки, а сега даде и доказ дека Србинот навистина му нуди помош.

„Стако, како си човеку? Дали си на воено поле? Мислам на тебе… се надевам дека ситуацијата ќе се смири брзо. Кажи ми на која адреса да испратам помош, финансиска или каква било“, му пишал Ѓоковиќ на колегата.

„Ноле, ти благодарам, на терен сум, во Киев е прилично мирно“, одговорил Украинецот, кој порача дека Украина му е благодарна на Ѓоковиќ за поддршката.

 

- Оглас -

Најнови вести