Манчестер сити со 2:0 победи на гости кај Питербро во осминафиналето од ФА купот, а централен играч на мечот беше Александер Зинченко. Украинскиот репрезентативец пред мечот ја доби капитенската лента, а беше развеано и украинското знаме на теренот.
https://twitter.com/i/status/1498741045735088130
Од фудбалски аспект, Сити во второто полувреме го сруши отпорот на противникот. Ријад Марез погоди за 1:0 во 60-тата минута, а Џек Грилиш ги постави конечните 2:0 со погодок во 67-мата минута.