33.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Украинка ѝ честиташе победа на противничка од Русија, веднаш се најде на удар на државните власти (Видео)

Младата украинска тенисерка Јелисавета Котлијар се најде во фокусот на Отвореното првенство на Австралија. На јуниорскиот дел од турнирот, Украинката загуби од Влада Млинчева од Русија. По завршувањето на мечот, 16-годишната украинска тенисерка дојде до мрежата и ѝ подаде рака на противничката.

Овој потег за многумина беше шокантен затоа што ниту еден украински спортист не се поздравува со ривал од Русија, па за многумина овој потег на тинејџерката е преседан.

https://twitter.com/i/status/1749290502409564466

Веднаш реагираа властите од Украина, како и Министерството за млади и спорт во нејзината земја, па Котлијар ќе мора да даде објаснување за овој нејзин потег да се поздрави со руска тенисерка.

 

- Оглас -

Најнови вести