Украинка направи еден од безобразните и најглупави фаули на сите времиња (Видео)

Натпреварот помеѓу женските репрезентации на Северна Ирска и Украина од баражот за пласман на Европското првенство мина во знакот на неспортскиот потег на една украинска фудбалерка која доби црвен картон за тотално непотребен фаул.

Северна Ирска победи со 1-0, а во 87-мата минута, кога стана јасно дека Украина нема да оди на ЕП, веројатно исфрустрирана од немоќта, Натија Пантсулаја направи прекршок кој шокираше многумина. Иако топката беше во нејзина близина, таа реши да не ја шутне, туку со бодичек како хокеар, со лакт да ја удри Ирката Сара Мекфејден, која исто трчаше кон топката.

Погледнете:

https://twitter.com/i/status/1382076187116236811

- Оглас -

Најнови вести