Украинката која одби да се ракува со руската тенисерка: „Тоа е ужасно чувство“

Украинската тенисерка Елина Свитолина ја победи Русинката Вероника Кудерметова со 2-0 во 1/8-финалето на Отвореното првенство на Австралија, но по натпреварот го немаше она вообичаено ракување на мрежата. Причините се разбирливи, а Украинката најави дека и во иднина нема да се ракува со противничките од Русија.

„Кога ќе го додадам чувството и асоцијацијата која ја имам за таа земја, искрено мислам дека и во иднина нема да се ракувам затоа што тоа е ужасно чувство, кое сакам никој никогаш да не го почувствува, да се пробудиш со мислата дека пријателите ти умираат на фронтот, дека се убиени од страна на рРсите. Тоа е нешто што е голем товар на моето срце“, рече Свитолина.

- Оглас -

Најнови вести