Украинската тенисерка Олександра Олијникова ја победи Ана Бондар од унгарија со 6:4, 6:4 во првото поло на ВТА турнирот во романскиот Клуж. Ова беше прв меч меѓу овие две тенисерки, а спортскиот резутлат остана во втор план поради контроверзен момент кој беше пред самиот старт на дуелот.
Олијникова уште пред мечот најави дека не планира да се поздрави со проивничката Бондар и тоа затоа што Унгарката во 2022 година учествувала на егзибициски турнир во Русија. Пред повеќе од три години, Бондар реши да ја прифати поканата да биде дел од турнирот во Санкт Петербург, а Олијникова вели дека тоа никогаш не смеело да се случи.
„Бондар во декември 2022 година учествуваше на турнир во Русија и отворено ги игнорираше меѓународните санкции и ограничувања против државата која е агресор“, вели Олијникова која додава дека „спонзорот на тој турнир бил „Газпром“, компанија која се смета за еден од клучните финансиски столбови во рускиот воен строј“.

„Русија ги користи истите ресурси за убивање и осакатување на украински жени и деца, за уништување на нашите родители, браќа и сопрузи“, рече Олијникова. Таа нагласи дека Бондар учествувал во натпреварувањето откако светот веќе дознал за масовните злосторства извршени од руската војска.
„Патувањето во Русија во декември 2022 година, играњето тенис и прифаќањето пари дадени од Газпром е морално еквивалентно на настап во нацистичка Германија во 1941 година и плаќањето со накит земен од Евреите убиени во логорите на смртта Аушвиц и Треблинка. Истото зло – само 80 години подоцна“, смета украинската тенисерка.

