Украинката откри кога ќе почне да се поздравува со руските и белоруските противници

Елена Свитолина се пласира во четвртфиналето на Вимблдон откако вчера по голема битка ја победи Викторија Азаренка од Белорусија. Украинската тенисерка губеше со 1:0 во сетови, но успеа да израмни на 1:1, а потоа во решавачкиот трет сет се играше тајбрејк, во кој Свитолина победи со 11:9.

По мечот, Свитолина воопшто не сакаше да се поздрави со Азаренка, нешто што беше јасно уште пред да почне дуелот затоа што Украинката повеќе од една година не им подава рака на ривалките кои се од Русија или Белорусија.

https://twitter.com/i/status/1678128459434938374

„Знам дека секогаш кога играм со противник од Русија или Белорусија, притисокот да победам е поголем и затоа оваа победа ми значи повеќе. Ова е еден мал триумф за Украина. Веќе многупати реков дека додека руската војска не си замине од Украина и додека назад не ги добиеме окупираните територии, нема да се ракувам. Тоа е мојот став“, изјави Свитолина, која додаде дека е благодарна за поддршката што ја добива од сите страни.

- Оглас -

Најнови вести