Украинска самба во Гелзенкирхен, Нераѕурите треба да се плашат

Шахтар го разби Базел со 4-1 и се пласираше во полуфиналето на Лигата на Европа, испраќајќи порака до својот нареден ривал Интер дека не треба однапред да смета дека е финалист. Укранскиот тим во своите редови има многу Бразилци и четворица од нив (додуша едниот има и украински пасош) дадоа голови.

Жуниор Мораес уште во втората минута со шут со глава ја затресе мрежата на Швајцарците, по грешката на голманот Николиќ. Мораеш има четири гола на пет настапи сезонава во ЛЕ. Потоа во листата на стрелците се запишаа и Тајсон, Алан Патрик и Додо за комплетирање на покерот. Во финишот, Базел намали со голот на Ван Волфсвинкел.

Тајсон се запиша во историјата на Лигата на Европа како прв играч кој дал гол во седум различни сезони од ова натпреварувања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести