Младата 20-годишна украинска тенисерка Дарија Снигур го направи првото големо изненадување на Отвореното првенство на САД откако со 2:1 во сетови ја победи седмата носителка, Симона Халеп.
Халеп е двократна гренслем-шампионка и беше голема фаворитка против 124-тата тенисерка на ВТА-листата. Сепак, Снигур направи чудо и со 6:2, 0:6, 6:4 успеа да победи, а по освојувањето на последниот поен, едноставно не можеше да ги задржи емоциите.
„Ова е за Украина, за моето семејство, за сите луѓе кои ми се поддршка. Слава на Украина“, рече победничката по мечот.