Украинска тенисерка се повлече од Индијан велс поради напад на паника откако слушнала дека руски и белоруски тенисери ќе играат на ОИ во Париз

Украинската тенисерка Лесија Цуренко се повлече од турнирот од серијата Мастерс 1000 во Индијан Велс бидејќи добила напад на паника по разговорот со првиот човек на ВТА, Стив Сајмон.

Цуренко се повлече пред мечот од третото коло во кое требаше да се сретне со Арина Сабаленка од Белорусија и тогаш беше објавено дека тоа е поради приватни причини, а денеска Украинката ја откри вистинска причина за повлекувањето.

„Останав шокирана од тоа што го слушнав. Имав напад на паника и проблем со дишењето. Пред неколку дена разговарав со првиот човек на ВТА, Стив Сајмон, и останав во шок од тоа што го слушнав. Се чувствував ментално лошо во дуелот со Дона Векиќ, а денеска состојбата се влоши. Доживеав напад на паника кога требаше да излезам на теренот и се надевам дека ќе успеам да закрепнам и да се подготвам за следниот турнир. Сајмон ми рече дека мисли дека тенисерите од Русија и Белорусија ќе играат на Олимписките игри. Ми рече дека тоа е ферплеј и така нема да се прекршат олимписките постулати. Кога го прашав дали разбира дека во моментов се води војна против мојата земја, ми рече дека разбира, но и дека тоа е негово мислење“, соопшти Цуренко.

- Оглас -

Најнови вести