24.8 C
Skopje
вторник, 5 август 2025

Украинска тенисерка со солзи во очите го напушти мечот против Русинката (Видео)

Четвртфиналниот меч на турнирот во Монтреал помеѓу Костјук и Рибакина не го дочека својот крај, откако Украинката одлучи да се повлече во вториот сет.

Рибакина, која настапува за Казахстан, го доби првиот сет со убедливи 6-1, а во вториот водеше со 2-1, кога Костјук се повлече поради повреда на зглобот, а теренот го напушти со солзи во очите, бидејќи сега е доведено под знак прашалник и учеството на САД опен.

Рибакина е единствената руска тенисерка со која се поздравуваат нејзините украински колешки, која иако е родена во Москва, во 2018 година се одрече од своето руско потекло и одлучи да настапува за Казахстан.

- Оглас -

Најнови вести