8.8 C
Skopje
вторник, 10 февруари 2026

Украински олимпиец доби забрана да носи кацига со слики на спортисти загинати во војната

Украинскиот натпреварувач во скелетон, Владислав Гераскевич, се пожали дека Меѓународниот олимписки комитет (МОК) му забранил да носи кацига со слики на спортисти загинати во војната во Украина за време на Зимските олимписки игри во Милано-Кортина.

Гераскевич изјави дека Тошио Цурунага, претставник на МОК задолжен за комуникација меѓу спортистите, националните олимписки комитети и МОК дошол во Олимпиското село за да му го соопшти тоа.

„Рече дека причината е правило 50“, објасни Гераскевич.

Правило 50.2 од oлимписките „заповеди“ гласи: „Во олимписките објекти, капацитетите и другите зони не се дозволени никакви демонстрации или пропаганда врз политичка, верска или расна основа“.

Гераскевич изјави дека кацигата која ја користел за време на тренинзите за Олимписките игри во Милано-Кортина,ж веројатно ќе треба да ја замени.

Претходно МОК соопшти дека не добил официјално барање од Украинскиот олимписки комитет за користење на кацигата за време на натпреварите во скелетон, кои започнуваат на 12 февруари.

Гераскевич, кој на Олимписките игри во Пекинг 2022 подигна плакат со натпис „Не за војната во Украина“, неколку дена пред почетокот на руската инвазија рече дека ќе ги почитува олимписките правила, но истовремено ќе се погрижи судбината на Украина да остане видлива за време на Олимписките игри.

- Оглас -

Најнови вести