Украинскиот фудбалер во очај: Сакам да војувам, но не знам ни да пукам

Војната која од вчера наутро ја започна Русија против Украина предизвика шок низ целиот свет. Голем е бројот на украински фудбалери кои играат низ Европа дадоа свое видување на целата ситуација. Василиј Кравец кој игра во Спортинг Хихон вели дека сака да се врати во татковината и да помогне, па дури и да тргне да се бори со пушка.

„Сакам да одам во војна, да помогнам на мојот народ, но не можам затоа што не знам да пукам. Не знам како да се движам на воено поле, ни како да ја наполнам пушката. Кога би знаел тоа да го правам, би заминал во најопасното место, на било која прва линија“, вели Кравец.

Според украинскиот фудбалер, главен виновник за целата оваа ситуација е претседателот на Русија, Владимир Путин, но не и рускиот народ.

„Виновен е Путин. Не е виновна Русија, виновен е Путин. Ние сме земја која сака да живее во мир. Не сакаме никого да нападнеме, сакаме мир. Откако почна агресијата не можам да спијам. Мајка ми се јавува, а јас слушам пукање. Тренирам и само мислам на својата земја, на семејството. Жена ми плаче по 10 пати на ден. Фамилијата засега е добро, но сите живеат во голем страв“, додава Кравец.

- Оглас -

Најнови вести