Фудбалската асоцијација на Украина испрати барање до ФИФА и УЕФА да ги запрат сите пријателски мечеви на европските клубови против руски и белоруски клубови кои се играат во Турција како дел од подготовките за продолжение на сезоната.
„Иако мечевите во Турција се контролни и имаат статус на неофицијални, сметаме дека ова е прекршување на изолацијата за рускиот спорт. Русија и Белорусија мора да бидат целосно изолирани. Нивните клубови немаат право да учествуваат на меѓународни спортски натпревари“, велат од Украинската федерација.