Во 54-тата минута од натпреварот помеѓу Украина и Македонија во Прага, на трибините каде беа украински и чешки фанови, беа кренати илјадници картони со бројот 54.
На многумина не им беше јасно што значи таа 54-ка, а дојде и објаснување. Организатори на акцијата се Чеси, кои со оваа сакаа да прикажат заедништво на чешкиот и украинскиот народ.
Бројот 54 симболизира период од 54 години од агресијата на СССР против Чехословачка до агресијата врз Украина.
A zasto slovacka ne proslavuva