Украинците ја нападнаа ФИФА поради спорното видео на ждребот за СП: „Вие ја поддржавте руската пропаганда“

Украина официјално побара јавнo извинување од Светската фудбалска федерација (ФИФА) поради прикажувањето на Крим како дел од Русија на мапата користена за време на ждребот за квалификациите за Светското првенство во 2026 година. Во видеото, кое беше емитувано пред извлекувањето во петокот, Крим беше означен како дел од Русија, што предизвика остри реакции од украинската страна.

Русија го анектираше полуостровот Крим во 2014 година, но меѓународната заедница не го признава тој потег. Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Украина, Георги Тиха, изјави на платформата Икс (поранешен Твитер):


„Не само што постапивте спротивно на меѓународното право, туку исто така ја поддржавте руската пропаганда, воените злосторства и агресијата врз Украина.“

Тој побара јавно извинување од ФИФА. Од своја страна, портпаролот на ФИФА потврди дека спорната графика била отстранета од видеото и дека ситуацијата е дискутирана со украинските претставници.

Инаку, Русија веќе три години води војна против Украина, додека Киев повторува дека има намера да го ослободи Крим од руската окупација.

- Оглас -

Најнови вести