По потопот кој ни се случи во Кардиф, македонската репрезентација ќе биде најпосакуван противник од четвртиот шешир на утрешата ждрепка за баражите за СП 2026.
Тоа може да биде и добро бидејќи минатиот пат бевме во иста ситуација, но ја шокиравме Италија, пред да загубиме од Португалија во финалето.
Можни противници во полуфиналето на 26 март ќе ни бидат Италија, Данска, Турција и Украина. Веројатно Украина е најлесниот ривал на хартија и плус затоа што мечот би се играл на неутрален терен.
И Украинците сакаат да им се падне Македонија. Во една анкета на најпознатиот спортски портал во таа земја, на прашањето која селекција би сакале да ја видите за противник на Украина во полуфиналето од баражите, 46,2 отсто одговориле Македонија. Најмалку (11,7 отсто) се изјасниле за Шведска.


