Украинците не можат да се помират по синоќешниот пораз од Македонија. Кирил Лазаров даде гол во последната секунда за триумф од 26:25, но Украинците решија да „поплачат“.
На сајтот на Украинската ракометна федерација стои натпис во кои се прашуваат дали Лазаров не направил чекори пред да го даде голот за победа на Македонија, кој беше прогласен и за најдобар погодок на ЕП за вториот ден од турнирот.