Украинците покажаа дека се опасни пеналџии во потопот над Кипар

Селекцијата на Украина со убедлив триумф од 4-0 над Кипар најави дека е подготвена за претстојното Европско првенство, на кое тимот на Шевченко ќе се соочи со Македонија на 17 јуни, во рамките од второто коло во групната фаза.

Украинците покажаа дека се опасни пеналџии, Јармоленко и Зинченко во 37-мата, односно во судиското надополнување од првиот дел, на двапати од белата точка ја тресеа мрежата на Кипар откако гостите претходно останаа десеткувани по црвениот картон на Панајото.

Со тие два гола, Украина забележа учинок од четири погодени пенали од последните пет кои ги изведе, со тоа што Јармоленко промаши против Полска во ноември минатата година. Во второто полувреме Јаремчук во 59-тата минута зголеми на 3-0, а само шест минути подоцна, Јармоленко повторно беше стрелец за конечниот резултат. Двата гола беа при асистенција на Марлос.

- Оглас -

Најнови вести