Украинците се мачеа против Малта, им требаа два пенали за да дадат еден гол

Украина со минимални 1-0 ја совлада Малта и привремено изби на второто место во групата Ц од квалификациите за Европско првенство во која е и Македонија.

Украинците по победата над Македонија од 3-2, долго се мачеа против аутсајдерот Малта. На полувреме беше 0-0, а во 52-рата минута Јармоленко не реализира пенал, ја погоди пречката. Сепак, 20 минути подоцна, во 72-рата, судијата досуди нов пенал за домаќините (Украина како домаќин играше во словачкиот трад Трнава), а овојпат Виктор Циганков ја презеде одговорноста и ја затресе мрежата со шут од белата точка.

За Циганков ова е четврти гол на последните три меча за националниот тим, даде гол и во Скопје, како и два на пријателскиот меч против Германија.

- Оглас -

Најнови вести