Баерн Минхен сигурно го продолжува походот кон нова титула во Бундеслигата каде е убедлив лидер. Предводник на овој тим на Баерн е Хари Кејн. Aнглискиот репрезентативец е незадржлив сезонава, па во 25 меча во првенството псотигна дури 30 голови, односно дури 47 погодоци во 39 средби во сите натпреварувања.
Кејн ја игра третата сезона во Баерн, а вкупно во 135 натпревари постигна 132 погодоци. Германскиот гигант за Кејн плати 100 милиони евра, плус 10 милиони евра низ бонуси, па англискиот голгетер стана најскап фудбалер во историјата на Бунделигата.
Многумина тогаш трансферот на Кејн го сметаа за лудост и дека не вреди толку пари, но почесниот претседател на Баерн, Ули Хенес вели дека тоа било одлична зделка и дека сега да треба да го купи Кејн би платил и многу повеќе.
„Многумина тогаш мислеа: 100 милиони за Кејн? Тие се луди. Денес би го купил и за 150 милиони. Хари Кејн е светска ѕвезда, личност со добар карактер, пример за нашите 18-годишници. Тој ги зема под свое крило, им покажува како да ја удираат топката и така натаму. Големите ѕвезди треба да чинат вистински пари, а ѕвездите од средната класа треба да бидат малку поевтини“, рече шефот на Баварците за англискиот голгетер.
Хенес потврдува дека Баерн Минхен е апсолутно стабилен на финансиски план и тоа самиот клуб го обезбедил, бидејќи зад себе немаат богат шеик ид Абу Даби, ниту некој инвестициски фонд од САД.

