Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес вели дека според него, трката за титулата во Бундеслигата веќе е решена. Според Хенес, Баерн Минхен со сигурност ќе го освои пехарот за најдобар тим.
„Тоа што можам да го ветам е освојување на титулата во Бундеслигата. Во моментов сме во одлична позиција. Први сме на табелата, а нашите единствени ривали Баер Леверкузен и Лајпциг имаат големо заостанување“, рече Хенес.
Лајпциг кој е второпласиран заостанува пет бодови зад Баерн Минхен, додека актуелниот германски шампион, тимот на Баер Леверкузен е на четвртото место со дури девет бодови заостанување зад лидерот Баерн. Третопласираниот Ајнтрахт Франкфурт има шест бодови помалку од баварскиот гигант.
Баерн Минхен минатата сезона за прв пат по долго време не освои ниту еден трофеј, што едноставно беше вклучување на алармот дека оваа сезона мора да биде многу поуспешна.