Ултиматум од КФСМ до клубовите: Ако не платите за една недела, ќе следува суспензија

Кошаркарската федерација на Македонија им стави ултиматум на сите домашни клубови – долговите мора да се подмират итно.

Во официјално писмо испратено до клубовите од сите натпреварувачки рангови, Федерацијата ги потсетува дека останува само уште една недела за регулирање на сите финансиски обврски кон неа. Одлуката е донесена на координациски состанок со судиите, здруженијата на лигите и Комесарот за натпреварување.

Ситуацијата е сериозна: клубовите што нема да платат навреме, ќе бидат суспендирани. Според членот 52,4 од регулативата, секој натпревар на клуб кој не ги подмирил долговите ќе се регистрира со службен резултат 20-0 за противникот, а клубот ќе биде оневозможен да настапува.

Со оваа мерка Федерацијата јасно става до знаење дека ќе нема толеранција за финансиска недисциплина.

- Оглас -

Најнови вести