Ултраефикасно почна третото коло во ЛШ – Баерн и Марсеј дадоа 9 од десет гола, единствениот гостински погодок е во 50-тата секунда (Видео)

Исклучително ефикасно дури со 9 гола на два меча почна третото коло во Лигата на шампионите со вкупно 16 натпревари денеска и утре.

Домаќините доминираа и Баерн и Олимпик Марсеј постигнаа вкупно 8 од деветте погодоци, иако ќе се памети и единствениот гол за гостите што го даде Франсиско Тринкао.

Португалецот погоди само по 50 секунди од стартот на мечот на „Велодром“, кој доцнеше околу половина час поради проблемите на експедицијата на Спортинг Лисабон да се пробие низ улиците на Марсеј и да стигне до стадионот.

https://twitter.com/SinbadBoi_/status/1577345675494395910?s=20&t=jzmR-R6OxfTX-iTiw4C4fQ

Марсеј успеа брзо да се врати од шокот и примен гол по 50 секунди, кој е и најбрз сезонава во Лигата на шампионите.

Алексис Санчес израмни на 1:1 во 13-тата минута, а потоа пред да истече половина час игра, за Марсеј погодија и Амине Харит и Леандро Балерди.

Стрелец за конечни 4:1 беше Мбемба во 85-тата минута, а Спортинг играше со фудбалер помалку од 23-тата минута, кога беше исклучен Адан.

Во Минхен Баерн пак ја декласира Викторија П’лзењ со 5:0, вторпат на второто гостување на Чесите на „Алијанц арената“.

Претходно во 2013 година резултатот на дуелот на овие две екипи беше ист, 5:0 за Баварците.

Вечерва стрелци за германскиот гигант беа Сане двапати и по еднаш Гнабри, Мане и Чупо Мотинг.

Баерн го урна и рекордот на Реал Мадрид со 31 меч без пораз по ред во групна фаза во Лигата на шампионите.

Од 21 часот се играат уште шест натпревари од третото коло во ЛШ.

 

- Оглас -

Најнови вести