Ултрасите на ПСЖ пак прават проблеми, сега не сакаат клубот да го донесе Лукас Ернандес

Радикална група приврзаници на Пари Сен Жермен влезе во конфликт со раководството на клубот поради трансферот во најава на францускиот репрезентатвен лев бек Лукас Ернандес, кој треба да дојде од Баерн Минхен.

Ултрасите изразија незадоволство и порачаа дека Лукас не е добредојден.

Лукас е роден во Марсеј, а татко му играл за Марсеј, кој е најлут ривал на парижаните. И самиот Лукас отворено има изјавувано дека е фан на Олимпик Марсеј, па затоа сега е цел на фановите на неговиот можен иден клуб.

„Навивам за Марсеј, тешко дека би заиграл за ПСЖ, но никогаш не се знае“, рече Лукас во 2020 година.

Во минатата сезона од страна на навивачите на ПСЖ исвиркувани беа нивните играчи Лионел Меси и Нејмар, а иста судбина го чека и Ернандес ако го облече дресот на Светците.

- Оглас -

Најнови вести