Ултрасите на Рома бесни на „предавникот“ Заниоло

Фудбалерите на Аталанта синоќа ја совладаа Рома со 2-0 во 15-тото коло од Серија А во Рим и се пробија на второто место на табелата. Победата за тимот од Бергамо ја обезбедија Мартен де Рон и Николо Заниоло. Аталанта сега има само еден бод помалку од Наполи на врвот на табелата.

Посебна тема по натпреварот беше Заниоло. Тој бурно го прослави голот иако помина пет сезони во Рома, каде што навивачите се надеваа дека ќе остане лидер на генерацијата до крајот на кариерата. Прославата предизвика гнев кај навивачите на Рома, па во Рим осамна огромен навредлив транспарент.


„Заниоло е предавник и измет без чест“, напишаа ултрасите на Рома.

Дваесет и петгодишниот играч од средниот ред играше за Рома од 2018 до 2023 година, постигнувајќи 24 гола и 18 асистенции во 128 натпревари. Во својата кариера, тој настапуваше и за Астон вила, Интер и Галатасарај.


На почетокот од оваа година ѝ се приклучи на Аталанта како позајмен играч со право на откуп од турскиот клуб.

- Оглас -

Најнови вести