Уметност е да се промаши ваква шанса: Англичаните го нарекоа „утка на векот“ (Видео)

Комплетното 25 коло се одигра синоќа во Чемпионшип во Англија, каде Лестер е убедливо најдобар со 62 бодови, дури осум повеќе од вториот Ипсвич. Во ова друштво е уште еден некогашен член на Премиер лигата, а тоа е тимот на Мидлсбро.

Мидлсбро успеа да победи на гостувањето кај Хадерсфилд со 2:1, а освен трите погодоци, во центарот на вниманието беше промашувањето на Ајџеа Џонс. Напаѓачот на Мидлсбро се најде сам пред празниот гол на домаќините, а кога требаше само да ја шутне топката во празната мрежа, едноставно ја утна целата топка и не успеа да даде гол.

- Оглас -

Најнови вести