„Уметност“ е сѐ да се промаши: Новото засилување на Арсенал постави антирекорд (Видео)

Германскиот репрезентативец Каи Хаверц летово направи трансфер и за сума од 75 милиони евра, дресот на Челзи го замени со тој на Арсенал. Тоа значи дека Хаверц останува во Лондон и нема да му преставува многу проблем да се прилагоди на новата средина.

Арсенал е на подготовки во САД и фудбалерите на овој англиски тим беа дел од Ол-стар шоуто кое го организираат во МЛС. Хаверц беше дел од предизвикот за вештини и имаше можност со волеј удар да шутира по нафрлување од страна.

Напаѓачот на Арсенал постави анти рекорд со тоа што успеа да ги промаши сите 14 удари. Сите останати фудбалери успеаа да погодат барем по еднаш во овој предизвик.

Рано утрово, Арсенал ќе игра пријателски меч со МЛС ѕвездите.

- Оглас -

Најнови вести