Уметноста на Леонардо им донесе три бода на струмичани, Шкупи се спаси од 7+

Брера во Струмица го совлада Арсими со 2-1, а Силекс со 6-0 го победи Шкупи, во двата денешни натпревари од Првата македонска фудбалска лига.

Победата на струмичани им ја донесе Хрватот Леонардо Петровиќ со убав гол во 79-та минута. Петровиќ има дадено три гола во дресот на Брера, од кои два против Арсими нивниот директен ривал во битка за избегнување на бараж за опстанок. Сега Брера е седма, а Арсими падна на осмо место.

И Силекс како и Брера, прекина серија од четири меча по ред без победа. Кратовци немаа проблем со идниот второлигаш Шкупи, го надиграа со 6-0, со по три гола во двете полувремиња. Силекс имаше 20 минути да им го нанесе на чаирчани и најтешкиот пораз сезонава, но се задоволија со шестката.

- Оглас -

Најнови вести