24.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

„Умира“ дел од ногата на Надал, можно е крајот на кариерата да му е по завршување на Ролан Гарос

Рафаел Надал и на 35 години покажува дека е во самиот врв на светскиот тенис. Шпанскиот тенисер кој е рекордер по бројот на Гренд слем титули (освои 21 Гренд слем) се подготвува за мечот од полуфиналето на Ролан Гарос, турнирот кој е омилен на Надал.

Легендарниот Шпанец има рекордни 13 титули на Гренд слемот во Париз и сега атакува на нов триумф. Александер Зверев е неговиот ривал во полуфиналето, а покрај фокусот за борба на теренот, Шпанецот очигледно има голем здравствен проблем.

Шпанскиот новинар Анхел Гарсија откри дека Надал направил целосна анестезија на левата нога за да може да игра на Ролан Гарос и дека постои реална шанса ова да биде негов последен настап на професионално ниво. Гарсија објаснува дека коската во стапалото на Надал има некроза, што значи дека коскеното ткивоумира поради недостаток на крв.

Надал неодамна отворено зборуваше за борбата против мистериозната болест Мулер-Вајс која подмолно се развива на стапалата, а можно е да се забележи дури во подоцнежната фаза од животот. Уште од 2005 година Надал има проблеми со стапалата, но и покрај тоа, тенисерот има фантастична кариера, која уште трае.

- Оглас -

Најнови вести