Умре голманот кој ја имаше најдобрата одбрана во историјата против Пеле

Гордон Бенкс, голманот кој бранеше за Англија на историското Светско првенство за „Гордиот Албион“ во 1966 година, почина денеска на 82-годишна возраст. Легендарниот Бенкс дури шест пати во кариерата беше прогласуван за најдобар голман во светот и тоа во периодот од 1966 до 1971 година. Токму во 1966 година, на Мундијалот, ја чуваше мрежата на Англија и беше еден од најзаслужните што „Гордиот Албион“ за прв и засега единствен пат стана светски првак.

Четири години по тој Мундијал, на Светското првенство во Мексико во 1970 година, Бенкс, според многумина ја направи најдобрата одбрана на сите времиња. Англија играше против Бразил, а Пеле со глава се обиде да постигне гол, кога Бенкс одлично реагираше.

„Имав среќа со таа одбрана. Луѓето нема да се сеќаваат на мене како голманот кој стана светски првак, туку како голманот кој му го одбрани тој шут на Пеле“, знаеше да рече Бенкс.

Бранеше за Честерфилд, Лестер, Стоук, а потоа замина во САД во тимот на Кливленд. кариерата ја заврши во 1978 година.

- Оглас -

Најнови вести