Умре навивачот на Интер што го удри комбе со фанови на Наполи

Навивачот на Интер кој беше удрен од комбе пред дерби-мечот со Наполи починал во болница. Италијанските медиуми пренесуваат дека еден 35-годишен симпатизер на „нераѕурите“ бил удрен од комбе во кое имало навивачи на Наполи. Поради силината на ударот, повредениот веднаш бил пренесен во болница, но докторите не успеале да го спасат.

Освен овој инцидент со смртоносен епилог, во тепачки меѓу навивачки групи на двата тима со нож биле прободени четворица симпатизери на Наполи. Засега не се знае нивната здравствена состојба и дали може да има уште некоја немила вест од немирите пред дербито на „Џузепе Меаца“

Интер со гол во 91-вата минута стигна до победа од 1-0, а за време на средбата немаше контакт меѓу фановите на двете екипи, но домаќните-симпатизери направија инцидент откако постојно упатуваа расистички навреди кон гостинскиот играч Кулибали. 

- Оглас -

Најнови вести