Енис Барди и Леванте сè се подалеку од опстанокот во Ла лига, откако предмалку загубија на гостувањето од Гетафе со 3:0.
Во првиот меч од 23-то коло, нашиот репрезентативец и неговиот тим доживеаја уште еден неуспех и тоа кај еден од конкурентите во долниот дел на табелата, со што шансите за опстанување се сведуваат на минимални.
Енес Унал во првата минута донесе предност за Гетафе, додека истиот играч во 29-та минута ја потврди победата за својот тим.
Конечниот резултат го постави Карлес Алења со гол во 95-та минута.
Леванте остана на очајни 11 бодови по 22 одиграни средби и е на последното место и заостанува девет бодови зад Мајорка и седумнаесеттата позиција, која што обезбедува опстанок.