Унгарецот Варга се здобил со фрактура на лицето, но не е во животна опасност

Репрезентативецот на Унгарија, Барнабас Варга, ноќта ја мина во клиника во Штутгарт по страшниот судир што го имаше со шкотскиот голман Ангус Ган во мечот од третото коло на Европското првенство. Тој се здобил со фрактура на коските на лицето, повреди кои ќе мораат да бидат санирани со оперативен зафат.

Сепак, најважно е што тој не е во животна опасност.

„Она што го слушнав од играчите е дека Барни во тој момент не изгледаше свесен, па сите беа многу загрижени за неговата состојба и исто така загрижени поради фактот дека докторите влегоа во теренот малку доцна, но веројатно не сфатија дека ситуацијата. За среќа, можам да кажам дека Барни не е под никаков ризик,“ изјави селекторот Марко Роси.

„Веројатно, ќе биде опериран во наредните часови бидејќи претрпе фрактура на лицето. Но, тој е здрав и свесен. Најважното е дека е здрав и не е во животна опасност“, потенцираше унгарскиот селектор.

Репрезентацијата на Унгарија победи со 1-0 против Шкотска, со голот на Кевин Чобот, длабоко во судиското продолжение, во 100.минута од натпреварот.

 

- Оглас -

Најнови вести