Унгарија дури 60 години чекаше вакво нешто против Англија

Точно 60 години и пет дена Унгарија чекаше за да се израдува на победа во фудбалскимеч против Англија. Во дуел од Лигата на нации, Унгарија во Будимпешта, минимално со 1:0 славеше над Гордиот Албион.

Доминик Собослај е херојот на домаќините откако успеа да погоди од пенал во 64 минута, гол што се покажа како единствен и клучен на дуелот. Унгарија немаше триумф над Англија од 31 мај 1962 година кога славеа со 2:1. По тој меч, овие две селекции имаа одиграно девет дуели, а Англија победила седум пати, додека две средби завршиле нерешено.

За Англија ова е и прв пораз по 22 меча во низа, на дуели во во 90 минути игра. Во овој период тие имаа 17 победи и само пет нерешени на средби кои завршуваа по 90-тата минута.

Во останатите мечеви кои денеска се одиргаа во Лигата на нации, Ерменија со 1:0 ја победи Република Ирска, Финска ремизираше дома против Босна и Херцеговина, додека Луксембург на гости ја победи Летонија со 2:0.

- Оглас -

Најнови вести