Унгарија го победи Катар и стави крај на сонот дека Македонија може да игра во четвртфиналето

Ракометарите на Унгарија славеа против Катар со 29:23 во меч од последното коло на главната групната фаза на Светското првенство. Со оваа победа Унгарија го потврди второто место во групата и пласманот во четвртфиналето на планетарниот собир, затоа што има седум бодови и е веднаш зад Франција, која од 20:30 часот ќе игра против Македонија.

Доколку Македонија направи сензација против Франција и победи, ќе заврши на третото место пред Холандија, а доколку загуби, четвртото место е загарантирано, што значи пласман од 13 до 16 место.

Катар во првото полувреме даде силен отпор против фаворитот Унгарија. Азискиот првак во еден момент водеше со 7:3, но Унгарците се вратија и до полувремето успеаа да стигнат до нерешено 12:12.

Во вториот дел Унгарија започна со два гола за 14:12 и потоа до крајот ја имаше контролата на резултатот и во ниту еден момент не му дозволи на ривалот да се понадева дека може да изненади.

 

 

- Оглас -

Најнови вести