27.8 C
Skopje
сабота, 16 август 2025

Унгарија ја разби Романија, за Македонија веќе нема ни теорија да влезе во квалификациите за СП

Кошаркарската репрезентација на Македонија ги загуби и теоретските шанси за пласман во квалификациите за Светското првенство. Вечерва Унгарија на свој терен ја совлада Романија со 86-66 и тоа за нив е втора победа, подобри се од Романците во меѓусебните дуели и ако победат во Скопје в среда, ќе бидат први во групата.

Клучна беше третата четвртина која Унгарија ја доби со 26-5.

За нашите репрезентативци останува да го одиграат уште последниот меч кој ќе биде за престиж и собирање искуство, а за младиот тим на селекторот Марјан Илиевски ќе нема големо резултатско значење.

- Оглас -

Најнови вести